Онлајн курсевите за здобивање со нови вештини не се новитет. На Интернет има куп курсеви кои може да ги пронајдете за најразлични потреби. Ќе се обидеме во неколку написи да презентираме поголем дел од платформите кои помагаат со учење на програмирање. Дел од платформите се плаќаат, но најчесто имаат и бесплатни курсеви.
Вие може да ни помогнете со споделување на вашите омилени курсеви или вашите омилени платформи за учење.
Khan Academy
Најверојатно нема потреба од специјало претставуање на Khan Academy. Станува збот за непрофитна организација основана од Салман Кан.
Компјутерските курсеви се поделени во неколку категории:
- Програмирање
- Почетен JavaScript
- Почетен HTML/CSS
- Почетен SQL
- JavaScript игри и визуелизација
- Напреден JavaScript: Natural Simulations
- HTML/JavaScript: Креирање на интерактивни страници
- HTML/JavaScript: Креирање на интерактивни страници со jQuerry
- Meet the professional
- Компјутерски науки
- Алгоритми
- Криптографија
- Информациска теорија
- Интернет 101
- Hour of Code
- Компјутерска анимација
Codecademy
Codecademy е платформа која во целост е фокусирана на програмирање и ИТ. Има бесплатна и про верзија, во најголем дел бесплатната верзија е доволна за да ги разберете основите на технологијата.
Курсевите се поделени во следните категории:
- Веб развој
- HTML
- CSS
- JavaScript
- Sass
- Изработка на вебсајт
- Издавање на вебсајт
- ReactJS
- AngularJS 1.X
- Ruby
- Ruby on Rails
- Ruby on Rails – Авторизација
- Програмски Јазици
- HTML
- CSS
- JavaScript
- Python
- Ruby
- Java
- SQL
- Алатки
- Command Line
- Git
- API
- Watson API
- Анализа на податоци
- Python
- SQL
- SQL:Трансформирање на табела
- SQL: Анализа на бизнис метрика
freeCodeCamp
FreeCodeCamp е платформа која овозможува да научите да се снаоѓате со неколку технологии практикувајќи ги. Веб-апликацијата преку едноставни чекор-по-чекор прашања ќе ви помогне да научите како самите да креирате поголеми решенија. Платформата нуди часови за:
- HTML5 и CSS
- Респонзивен дизајн со Bootstrap
- jQuery
- Основи на Front End
- Основи на JavaScript
- Основни скрипти за алгоритми
- Front End развој
- Скрпти за алгоритми
- Напредни скрипти за алгоритми
- Напреден Front End развој
- Визуелизација на податоци
- Saas
- React
- React проекти
- D3
- Back End развој
- Автоматизирани тестови и дебагирање
- Node.js и Express.js
- Git
- MongoDB
- Динамички веб апликации
Learn The Hard Way
За жал Learn The Hard Way минатата година ги повлекол бесплатните курсеви. Learn Python the Hard Way е еден од најдобрите почетни курсеви за програмирање кои беа достапни. Квалитетот на курсот најверојатно е непроменет, но за жал овој пат чини околу 30 долари.
Udemy
Udemy е една од оние платформи на кои може да научите куп нови работи. Може буквално да пронајдете часови за активности од рибарење до напредна вештачка интелигенција. Дел од часовите се бесплатни, дел се плаќаат, но и квалитетот на содржинините е променлив. Вообичаено оценките се добар показател за квалитетот на курсевите, но и ова не е случај секој пат.
[…] сите платформи за кои веќе пишувавме имаат и верзија за паметен телефон. Не се сите […]