Викендов се одржа нов, втор собир на македонските инстаграмџии. Настанот одбележан со хаштаг #InstaMeetSkopje всушност беше глобална иницијатива од Instagram со која се мотивира дружењето помеѓу локалните корисници. Во Скопје се одржа по втор пат, и се одржа на едно од покреативните места во градот. Над дваесетите инстаграмџии ги шетаа сокаците на Старата скопска чаршија и фотографираа интересни моменти и инспирации. Ова се некои фотографии што ни се допаднаа, а сите можете да ги погледнете на Instagram.
Доколку немате профил на мрежата, тогаш можеби треба да ја чуете седумнаесетата епизода на #ИТН, подкаст за информатика, технологија и наука, во кој зборуваме „Зошто треба да сте на Instagram?“.







