Guardian, Financial Times, CNN и Reuters почнуваат со сопствена платформа за реклами со која ќе се обидат да им конкурираат на Facebook и Google. Енититетот е наречен Pangaea Alliance, а заедно овие медимуи имаат 110 милиони читатели до кој ќе вoдат достапни рекламите, објави Guardian.
„Pangaea е единствена по квалитетот на партнерите. Знаеме дека довербата е најважна при застапувањето на брендови, ние се здруживме за да ги зголемиме придобивките од рекламирањето“, вели Тим Гентри од Guardian. Од Pangaea сметаат дека најголема предност е тоа што сите членови на алијансата се влијателни медиуми на кои читателите им веруваат, а сега со нивното патнерстvво бројот на читатели до кои ќе допрат рекламите е поголем од било кога претходно.
„Pangaea е возбудлива иницијатива која ја засилува положбата на премиум издавачите, со гаранција за доверлива околина за рекламирање…“, вели Домик Гуд од Financial Times. Сервисот ќе започне со бета фаза веќе од април, а за конечната верзија нема податоци, но најавата е дека ќе биде финализирана пред крајот на 2015 година.







