Не секој во Европа користел интернет

во ИТ.ЕУ

Дури една-четвртина од граѓаните на Европската Унија никогаш не користеле интернет, се открива во официјално истражување. Сепак ова е подобрување споредено со 2006-та година. Истражувањето (.pdf) е направено со 214.580 граѓани на возраст од 16 до 74 години кои живеат во 149.331 домаќинства.

Најголем проблем со кој се соочува Европа е преголемо несогласување со земјите во поглед на нивото на ИТ. Ова разделба е проблем кој мора да се среди пред да може да се развива и електронската трговија и електронските услуги меѓу земјите-членки.

Шведска, Холандија, Данска и Луксембург се најразвиени европски држави во поглед на пристап на интернет. Само 5 отсто од швеѓаните не користеле интернет, додека Холандија е прва по поврзаност со 94 отсто од домаќинства кои се поврзани на интернет. Романија се наоѓа на спротивниот крај. Таму дури 54 отсто од граѓаните не пристапиле никогаш на интернет. По Романија најлошо рангирана е Бугарија, со 46 отсто од граѓаните кои немаат искуство со интернет, па следат Грчка, Кипар и Португалија.

Што се однесува до Македонија, која ја нема во извештајот бидејќи не е членка на ЕУ, според Државниот завод за статистика од 21.10.2011, 56 отсто од населението користеле интернет. Тоа би ја ставило Македонија на трето најлошо место доколку би биле во ЕУ. Но, не е се само во пристапноста.

Истражувањето покажува и дека повеќе од половина европејци користат интернет скоро секој ден, односно две-третини користат интернет барем еднаш неделно. Скоро 75 отсто од мажите се на интернет, споредено со 65 отсто од жените.

Напредок има и во користењето на брз интернет. Шеесет и осум проценти од домаќинствата ширум Европа користат широкопојасен интернет. Ова е поратс од 30 отсто споредено со 2006-та година.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Бојан
Бојан
14 years ago

Анализава не ви е баш прецизна. Тоа што во Македонија 56% од населението користи Интернет, не значи дека остаатите 44% никогаш не користеле Интернет. Методологиите за класификација се сосем различни. Како второ, ставајќи ја Македонија како трета од позади во ЕУ, се темели на податоците од 2009, ако сте го анализирале извештајот ќе видите дека податоци за Македонија за 2011 нема а несомнена е зголемената пенетрација на широкопојасен интернет во последните 2 години кај нас. Не дека којзнае каде котираме, но сепак вреди да се спомене дека споредбата е само во рамките на ЕУ и земјите кандидатки (Македонија, Хрватска и Турција). Во листава нема многу држави кои се релано послаби од нас во пенетрацијата на Интернет како Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Молдавија, Црна Гора, Белорусија, Украина.