0 коментари 2 мин. читање 24 јули, 2013

Facebook сака го подобри News Feed со фидбек од корисниците зошто кријат постови

News Feed на Facebook е пренатрупан со содржина која не ве интересира, со постови од страници на кои не се сеќавате зошто сте им кликнале лајк, со слики од пријатели кои не ги познавате, и со апликации кои ве спамираат. Решението за сите тие постови е секако копчето Hide.

Според Facebook, ова копче може да објасни што ги интересира корисниците. Друштвената мрежа сака да го подобри фидот за вести и неговата персонализација така што ќе побара од корисниците да објаснат зошто ги кријат несаканите постови. Facebook не открива детали, но најверојатно ќе биде додадена опција за дијалог на копчето, налик на опциите кога пријавувате контроверзна содржина или кога ќе скриете реклами. Во такви случаеви Facebook прикажува опција корисниците да ја одбележат содржината како досадна, лажна, сексуално експлицитна, навредлива или против личните верувања, и најинтересно, таа што се повторува постојано. Последново треба да биде индикатор на сите брендови да се потрудат повеќе околу рекламите.

Продукт менаџерот на рекламите на Facebook, Фиџи Симо, за ABC News изјави дека се започнати тестирањата на мали поправки и тие ќе продолжат во следните три до четири месеци.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top