„Компјутерите ќе се справуваат со работи со кои ние не можеме, и ние се справуваме со работи со кои компјутерите не можат. Тоа може да биде помагање на корисниците да најдат нов ресторан, или да ни помогнат да возиме.“ вели г. Шмит за VentureBeat.
„Неверојатно е што луѓето возат автомобили, компјутерите треба да ги возат. Ми изгледа дека е баг, грешка што автомобилите беа измислени пред компјутерите.“
Во принцип Интернет на нештата е физичките уреди ќе се поврзани меѓу себе, ќе комуницираат преку интернет и со тоа ќе можат самите себе си да си даваат инструкции и да ја вршат работата за која се направени. Можеби првин беа машините во фабриките, а сега ќе биде секој автомобил. Неодамнешен пример за Интернет на нештата е демото на Samsung за далечинско контролирање на домашни уреди.
Што се однесува за Google, г. Шмит вели дека компанијата се фокусира на мобилното и собирајќи информации за корисниците со цел поедноставно да им понуди „пристап до тие информации со кои човекoвиот мозок не може да се справи.“
(сликата е на Techi.com)
[…] Шмит во неодамнешно интервју изјави дека „тоа што автомобилот е измислен пред […]