Научници работат на флексибилни батерии за заoблени уреди

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Истражувачите во Институтот за технологија во Њу Џерси развија флексибилна батерија направена од јаглеродни нано-цевки, која ќе може да напојува електрични уреди со флексибилни екрани извести Nanowerk.

Батеријата е составена од јаглеродни нано-влакна и микро честички кои се активни компoненти. Флексибилните батерии ќе можат да напојуваат голем дел од преносните уреди и цела нова генерација на флексибилни уреди. Најверојатно примената ќе им биде во таблет компјутери и телевизори, но големи ролни од овај материјал може да се користат и како акумулатори во електричните автомобили.

“Овие батерии можат да бидат мали колку врв на игла или големи колку тепиx во дневна соба“-вели лидерот на тимот Соменат Митра. Моќноста на батеријата зависи од нејзината големина, прототипот е со големина 2.81х5.08cm и е доволен за напојување на неколку LED-диоди.

„Долги години експериментираме со јаглеродни нано-цевки и други водечки технологии на Унниверзитетот NJIT. Возбудени сме од можноста за примена на врвните технологии, да се создаде флексибилна батерија која има огромен број на примени кај потрошувачите“, вели Соменат Митра.

Покрај ова, дополнителна предност е што за производство на батериите не е потребна никаква специјална опрема и може да се креираат од корисниците. Се што е потребно за батериите е комплет составен од електродна паста и машина за ламинирање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments