0 коментари 2 мин. читање 8 ноември, 2013

Запознајте го гласот на Siri

Сузан Бенет од Атланта e госпоѓата која стои зад далеку попознатиот гласовен асистент на Apple, Siri. Гласовите на Siri се снимени уште во јули 2005 година, на снимање кое траело еден месец, и на кое не и било кажано на г-ѓа Бенет за што точно ќе се користат репликите кои ги снимала, пренесува CNN.

Одлуката за излегување и јавно признавање дека таа е Siri е поради статија на The Verge кои заслугите за гласовниот асистент и ги додели на Алисон Дафти. Поради ова таа се откажа од анонимноста и објави дека гласот е токму нејзин. Со оглед на тоа дека поминале повеќе од 5 години од снимањето не изненадува што г-ѓа Бенет и подзаборавила на соработката со Apple, пред нејзините пријатели да ја прашаат дали таа е гласот на апликацијата на Apple. Ова не и е прв пат на г-ѓа. Бенет да го позајми гласот на автомат, откако уште одамна го позајмила гласот во рекламата на банкоматите на First National Bank, а нејзин е и гласот на повеќе аеродроми во САД.

[youtube]bqcwQ_Ocp1c[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top