1 коментар 2 мин. читање 23 октомври, 2019

Научници постигнаа квантна супериорност

На 23 октомври, Google официјално потврди дека за прв пат во историјата е постигната квантна супериорност. Група истражувачи од  Google тврди дека за една специфична задача успеале да постигнат квантна супериорност. Резултатите од тестовите се објавени во Nature, а научниците веќе го споредуваат со летот на браќата Рајт.

Експериментот е од пред еден месец и првите резултати по грешка беа објавени уште тогаш, но набрзина беа и тргнати.

Квантна супериорност е квалитет кој го поседуваат квантните компјутери да решаваат проблеми кои класичните компјутери не можат да ги совладаат.

Google на компјутерот „Sycamore“ направи демонстрација на квантна супериорност преку „random circuit sampling“. Во тестот прават низа на различни операции по случаен избор и ги мерат и споредуваат вредностите на сите кубити. По  повеќе повторувања дојдоа до распределба на броевите по случаен избор. Задачата е толку комплексна што на Sycamore му требаа 200 секунди да ја изврши. Процената е дека на најмоќниот суперкомпјутер ќе му бидат потребни 10 000 години да ја изврши истата.

Дел од конкурентите на Google како IBM, сметаат дека сè уште не е постигната квантна супериорност, главно поради грешка која го прави проблемот претежок. Со оптимизација супер компјутер би можел да дојде до истиот резултат за 2,5 дена.

(Му благодариме на Игор Војноски за посочување на грешка во текстот. Грешката е коригирана.)

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top