Препознавањето на ликови може да го чини Facebook 35 милијарди долари. Судот одлучи дека нема да дозволи нова жалба која би можела да ја спречи групната тужба.
Facebook се надеваше дека ќе успее да ги запре споровите за неовластено користење на биометриски податоци пред Апелациониот суд во Сан Франциско. Судот одлучи дека иако обвинетите не се финансиски оштетени од однесувањето на друштвената мрежа, сепак постои основа за тужба.
Тужбата е заснована на Законот за тајност на биометриски податоци кој важи во Илиноис, законот предвидува компаниите да имаат согласност пред да прибираат и обработуваат податоци од корисниците. Фотографиите кои Facebook ги обработува за да ги препознае овие податоци се во оваа категорија.
Максималната казна која може да ја добие Facebook е 5 000 долари по прекршок, Facebook има 7 милиони корисници во Илиноис, па множејќи ги корисниците по казната, максималната казна за Facebook на крајот ќе изнесува 35 милијарди долари.
Доколку друштвената мрежа го загуби спорот, оваа казна ќе ја надмине и казната од 5 милијарди долари која во јули им ја изрече Федералната комисија за трговија.