Латински можеби е мртов јазик, но немојте тоа да го кажете на бројните идни доктори кои константно го резервираат јазикот за нивните моментни кошмари.
Латинскиот навистина е тежок за совладување, но од неодамна стана барем малку полесен. Благодарение на уникатните и безболни методи за учење на Duolingo, заинтересираните можат да ја негуваат нивната љубов (читај: потреба) во мали, но ефикасни дози.
Учењето на латинскиот јазик е овозможен или преку официјалниот сајт или преку Android, односно iOS апликацијата.
За оние кои никогаш не користеле Duolingo, се работи за уникатна апликација која користи методи на повторување и паметно засилување зборови и конструкции. Апликацијата е апсолутно бесплатна за користење и е крајно ненаметлива во сервирањето реклами.
Со вашето секојдневно учење на јазикот, несебично сте наградувани со дигитална валута која потоа ја користите за купување најразлични работи од продавницата. Duolingo користи и интересни методи за да ве охрабрува во учењето. Суптилно ве потсетува да му посветите внимание, ви дозволува да добиете двојно повеќе валута со секојдневно вежбање, или пак ви пружа можности за напредување од една во друга категорија од ученици.
Со Duolingo, можете да научите и да зборувате клигонски или high valyrian. Не, не се шегуваме.