0 коментари 2 мин. читање 17 октомври, 2014

Facebook воведе опција за наоѓање на најблиските во време на катастрофа

Facebook најави нова опција која ќе им овозможи на корисниците да ги побараат своите најблиски во период како природна катастрофа или криза. Функцијата се вика Safety Check и ќе им овозможи на пријателите и фамилијата да знаат дека сте безбедни. Мотив и истовремено инспирација за додавање на Safety Check е земјотресот и цунамито кои ја погодија Јапонија во 2011 година. Тогаш се креираа разни алатки за комуникација кои им помогнаа на 12,5 милиони зафатени жители, и 400.000 евакуирани, да ги пронајдат своите најблиски.

Алатката функционира на следниот начин: се активира кога во близина на корисникот ќе се случи природна катастрофа или некоја друга опасност, прашувајќи го дали е безбеден. Доколку ја одбере опцијата „безбеден сум“ тогаш ќе се појави нотификација и News Feed со оваа вест. Покрај ова корисникот може да ги одбележи и своите пријатели како безбедни. Доколку пак имате Facebook пријател во близина на опасност и одбрал дека е безбеден ќе го видите и ова како нотификација.

„Доколку некогаш сте во ситуација која предизвикува да го користите Safety Check, се надеваме дека алатката ќе ви помогне да останете поврзани со луѓето за кои се грижите и ќе ви даде утеха во бидејќи знаете дека вашите сакани се безбедни“, вели Facebook.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top