Микроорганизмите т.е. био-игратa се гледа преку микроскоп со камера која ја пренесува сликата на компјутерски монитор. Поените на изедени топчиња се пресметува од компјутерот кој ги следи микроорганизмите преку видеото.
Истражувачите имаат направено и живи верзии на други игри, пример Pond-Pong, Ciliaball и Biotic Pinball, во последната микроорганизмот ја игра улогата на топката која се тргала додека пречките се „привремени струења од хемикалии во течноста, што ја насочуваат дирекцијата на парамециумот.“
Целта на научниците е да ја подигнат свеста за овие организми и како науката може да влијае врз начинот на живот на животните, организмите и луѓето.
„Се надеваме дека со играњето игри кои вклучуваат биологија на скала премногу мала да се види со голо око, луѓето ќе сфатат колку се фантастични овие процеси и ќе се заинтересираат да дознаат повеќе.“, вели професорот по биоинженеринг на Стенфорд, Ингмар Ридел-Крусе.
(via TheRegister)







