Иако официјалната презентација на Windows Phone 8 Apollo е закажано за следната недела утринава се појавија засега непотврдени скриншотови. Објавените содржини главно се од корисничкиот интерфејс и неколку апликации. Иако од сликите е тешко да се изведат заклучоци, според изворот DarkRiver, Skype е интегриран во WP8, а ако сликата е веродостојна тогаш ќе биде можен и видео разговор. Уште повеќе, Skype контактите ќе може директно да ги побарате од „именикот“.
Еден од скриншотовите покажува и апликација со која ќе можете да ги надгледувате интернет сообраќајот и неговата распределба по различни апликации. DataSmart апликацијата која го овозможува ова ќе го забрза и поврзувањето со Wi-Fi мрежи.
На последната слика е прикажан корисничкиот интерфејс на Nokia Drive 3.0, според најавата апликацијата во реално време ќе ја менува вашата рута, но и ќе ги запамети вашите возачки навики за во иднина да избира траси кој повеќе ви одговараат.
За сега нема потврда за вистинитоста на било кој а од сликите, за среќа најверојатно точните информации ќе ги добиеме на 20 јуни.


