Инвеститори, стартапи, медиуми и co-working простори ќе го споделат своето искуство во градење на македонската стартап заедница на 10-ти февруари во Европскиот Info Center во Скопје. #SEW17 е замислен како настан за вмрежување на стартап заедницата со институциите, организациите и сите други ресурси кои можат да помогнат во промовирање и градење на компетитивни стартапи.
Startup Europe Week го слави иновативното претприемништво и стартапите, и кој се одржува во 40 земји истовремено. Се одржува вторa година по ред во Скопје, во ко-организација на Фондот за иновации и технолошки развој, Startup Macedonia, Inception Enterprises и Emkice.
На настанот ќе бидат презентирани статистики за македонската стартап сцена од Startup Macedonia, и ќе има три панели во кои ќе се дискутира како инвеститорите, медиуми и co-working просторит можат да им помогнат на стартапите.
Првиот панел е Beyond the investment – соработката меѓу стартапите и нивните инвеститори, на кои како панелисти се најавени:
- Ивана Станковиќ од SCV vs Нино Карас oд LETZ,
- Петар Андреевски, ангел инвеститор, vs Никол Соколов од Buzz,
- Kaтерина Кречева од ФИТР vs Дениел Димов oд Mobidonia,
- Пеце Ангелковски од CEED vs Петар Ниновски од Brainster.
Потоа ќе чуеме за Increasing startup media awareness – каква улога играат медиумите?, со гостите:
- Mите Кузевски од ИДЕА, организатори на Новинарски стартап натпревар,
- Верица Јорданова од Inovativnost.mk,
- Игор Петровски од Капитал.мк.
И на крај настанот ќе биде завршен со Co-working културата во Македонија и како таа се развива, каде за прв пат на едно место ќе ги имаме сите co-working простори од Скопје:
- Aлександар Велиновски од Public Room,
- Eмир Слезовиќ од Funky CoWorking Friday,
- Софија Спировска од Seavus Incubator,
- Јована Петковска од CEED Hub Skopje,
- Ирена Чаушевска од Newman’s Аccelerator.
Настанот е отворен за сите заинтересирани стартап ентузијасти и претприемачи, кои треба да се пријават на eventbride линкот. Сите се поканети за да изградиме европска стартап зеадница во Македонија!