0 коментари 2 мин. читање 8 февруари, 2017

Врзете се! Uber регрутираше аероинженер од NASA за Uber Elevate

Личниот возач Uber, сериозно се обидува да стане и личен пилот. Компанијата го вработи Марк Мур, инженер од NASA, за да им помогне во развој на летачко возило. Во Uber г.Мур доаѓа на позиција Директор на инжинеринг во Uber Elevate, јави TechCrunch. Ниту досега не беше тајна дека Uber сака да креира летала со кои ќе може да пренесува уште повеќе, а овој пат и поексклузивни патници.

Се чини дека во Uber се поблиску до летало отколку што мислиме. Г. Мур е задоволен од бизнис моделот на Uber за леталата и ова е една од причините поради која ја напуштил NASA. Идејата е да се создаде флота од мали автономни летала. Овие летала ќе можат со едно полнење да поминат помеѓу 80 и 160 километри.

Како и возилата, патниците ќе можат да ги повикаат со телефон. Планот е леталaта да доаѓаат без пилот и да можат самостојно да возат.

Компанијата не е без конкуренти во остварување на овој план. Лери Пејџ од Google (сега Alphabet) инвестира во куп компании кои работат на помали авиони, дронови и слични летала.

„Uber е посветен во својата улога на катализатор при развој на VTOL ексистемот. Возбудени сме што Марк е со нас, како компанија и акционери продолжуваме да ги истражуваме можностите за напредок.“, вели Ники Гол од Uber, задолжен за напредна програма.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top