0 коментари 2 мин. читање 26 септември, 2017

ИТ настан: Seavus Code Talks на тема вештачка интелигенција

Денес, 26 септември, вторник, по четврт пат, ќе се оддржи Сеавус CodeTalks во Скопје. Настанот ќе се оддржи во Сити Хол, со почеток во 18 часот, а влезот е слободен.
Оваа година тема на настанот ќе биде „Вештачка интелигениција“, а ќе зборуваат двајца експерти од Сеавус.

From bit to Artilect” е темата на која ќе зборува Александар Размовски, Senior Business Intelligence Analyst.

“Способност за учење, разбирање или снаоѓање во нови или непознати ситуации или причини, потреби и последици од појавата на новата интелигенција,“ е краткото сиже на она што за што денес ќе зборува Александар.

Втора тема ќе биде „Вештачка интелигенција – технологија – каде сме денес“, на која ќе зборува  Милан Стојковиќ, софтверски инженер.

„Ќе зборувам за концептот на ВИ асистент. Односно, како со комбинација на модерни техники ВИ асистентот може да се справи со документирање на состаноци“, изјави Милан.

После презентациите ќе има панел и дискусија на која ќе учествуваат повеќе експерти до Сеавус.

Присуството на настанот може да го пријавите на следниов линк.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top