0 коментари 2 мин. читање 26 септември, 2017

Дубаи започна со тестови на летечки такси возила

Дубаи ќе се обиде да биде првата држава која ќе овозможува превоз со беспилотни дронови. Тестовите започнуваат оваа недела, а властите велат дека Дубаи ќе биде првиот град што ќе нуди ваков превоз, пренесе Reuters.

Леталата со кои ќе се прави транспортот се произведени од германската компанија Volocopter. Станува збор за двосед со 18 пропелери. Леталото може да лета најмногу 30 минути.

Првиот церемонијален лет кој го најави почетокот на тестовите беше без патници.

Летовите со Volocopter, сепак нема да ги собираат патниците од врата. Патникот со помош на апликација од телефонот ќе повика летало, а леталото ќе пристигне на најблискиот волопорт од каде автономно ќе бидат пренесени до локацијата.

„Веќе може да летаат со помош GPS, а ќе имплементираме и можност за следење на околината, што ќе овозможи избегнување на ненадејни препреки по патот“, вели Флоријан Ројтер од Volocopter.

Тестовите започнуваат дури пет годни порано отколку што компанијата предвидуваше. Девелоперите се надеваа дека ќе успеаат да развијат летечко такси за пет години од сега. Се чини дека технологијата напредува побрзо одошто првично се надеваа.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top