0 коментари 2 мин. читање 24 ноември, 2016

ИТ настан: Првиот InTech Meetup ќе се оддржи на 6-ти декември

На 6 декември, во ресторанот МКЦ во Скопје ќе се одржи првиот Intech Meetup, настан наменет за сите девелопери и луѓе заинтересирани во сферата на развој на софтвер. Темите на првиот Intech Meetup се микро-сервиси, интерпланетарен фајл систем и Formula E.

На дво-часовниот настан,  говорници ќе бидат:

intechmeetup

  • Деклан Колфилд, генерален партнер на компанијата Andurance Ventures LLP, кој има повеќе од 20 годишно искуство во ИТ индустирјата.  Г. Клауфилд е сериски претприемач со богато искуство и познавање на технологијата. Инжинерските и коорпоративните позиции ги има стекнато во Intel, Apple, Bertelsmann, BBC, RTE и Universum.
  • Филип Димчевски, потпретседател на инжинерскиот сектор во InPlayer, кој воедно е и поранешен про гејмер. Неговата професионална позадина вклучува неколку меѓународни е-спорт настани и светски првенства во Counter Strike 1.6 Неговите специјалности се иновативно софтверско инжинерство со големо искуство во делот за монетизација на дигитална содржина и развивање на софтверски решенија.
  • Филип Николовски, софтверски инжинер исто така вработен во InPlayer. Во последната година од своите студии на ФИНКИ, започнува со пракса во компанијата, а веќе две години е дел од компанијата. Интереси му се нови технологии, програмски јазици и автоматизирање на таскови.

Настанот е поддржан од британската компанија InPlayer која има свое претставништво во Скопје. InTech Meetup ќе се одржи на 6 декември, со почеток од 18.00 часот во ресторанот МКЦ во Скопје, а регистрацијата за настанот е бесплатна и се одвива преку следниов линк.

За повеќе информации, следете го настанот преку неговите друштвени профили на Facebook, Twitter или преку #intechmeetup хаштагот.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top