Наскоро започнува втората сезона од Првата македонска е-спорт лига

во гејминг

Македонската е-спорт федерација ја најавува втората сезона на македонската е-спорт лига. Оваа година се најавени натпревари во League of Legends и Counter Strike: Global Offensive. Официјално натпреварите започнуваат на 29 април.

Во зависност од интересот, лигата ќа ја сочинуваат помеѓу 12 и 16 тимови. Организаторот вели дека причина за ова е формата и квалитетот. Натпреварувачите ќе бидат поделени во групи, а најдобрите два тима ќе учествуваат во финалниот турнир. Победникот на финалниот турнир ќе учествува на Светското е-спорт првенство, како претставник на Македонија.

Форматот на лигата е стандарден, секој од тимовите ќе игра двапати со останатите учесници во групата. Финалниот турнир ќе биде ЛАН и ќе се одржи во септември. За финалето се предвидени парични награди и секако, пат на светско. Оваа година првенствата WCA (World Cyber Arena) и IeSF (International Esport Federation) ќе се одржат во Кина и Јужна Кореа.

Организаторот, Македонската е-спорт федерација, уверува дека проблемите од минатата година, кога немаше доволно средства за испраќање на натпреварувачите се минато. Дополнително, по завршувањето на лигата најавени се награди за сите учесници: парични награди, ваучери,тренинг и обука.

Сите заинтресирани можат веќе да се пријават за учество, и тоа за League of Legends и за CS:GO.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk