1 коментар 2 мин. читање 18 февруари, 2013

Наскоро во продавниците близу до вас – транспарентни паметни телефони

Веќе подолго време и од речиси сите производители добиваме најави дека „Транспарентните телефони пристигнуваат!“. Најновата најава за „невидлив телефон“ е од една од водечките компании за производство на оптичко стакло, тајванскиот производител Polytron Technologies, јавува Mobile Geeks. Иако ваквите уреди изгледаат неверојатно, Polytron тврди дека транспарентните телефони ќе се појават на пазарот до крајот на 2013 година, но без идеја колку би чинеле. Компанијата не крие дека веќе го понудила екранот на повеќе производители на телефони.

Телефонот кој е претставен е транспарентен колку што сегашната технологија дозволува, па некои негови делови се целосно непроѕирни, на пример батериите, SD-картичката, микрофонот и звучникот се непроѕирни и најверојатно ќе бидат скриени со маска во првите верзии на телефоните.

Сепак дури ни со скриени батерии никој не го гарантира успехот на екраните, доколку квалитетот не е барем приближен со сегашните AMOLED и LCD дисплеи, телефонот нема да се продава и покрај тоа што е новитет, изјавува Ави Грингарт, маркетинг аналитичар од Current Analyst.

[youtube]tkhWXspmiYE[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
коле
коле
13 years ago

во шише-џам ќе ги праеле екраните

Мени
Заедница
Изглед
To top