Наскоро низ Македонија ќе пројде првиот Tesla Model S

во ИТ.МК

Саша Цветојевиќ, хрватски претприемач и бизнис-ангел, ќе го донесе првиот Tesla Model S во Скопје. Г. Цветојевиќ доаѓа како ментор на Startup Weekend Skopje, каде освен за претприемаштво и како се гради стартап, сигурно ќе биде распрашуван и за какво е чувството да се вози уникатниот електричен автомобил на Tesla Motors, компанија која е основана од Илон Маск. Всушност, присуството на електричниот автомобил на настанот е прикладно, бидејќи Tesla Motors e исто така стартап компанија (со огромен капитал) чија цел е да го промени светот.

[youtube]NmJar7wpJyc[/youtube]

Tesla Model S во моментов е најпопуларниот електричен автомобил со мотор дизајниран според патент на Никола Тесла, кој е далеку помал од вообичаените мотори на автомобили; и e дизајниран за иднината со два екрани на допир за контрола на возилото, кое се стартува со iPhone апликација и, благодарение на електричниот мотор, е скоро бесшумно. Model S има релативно прикладна цена за ваквиот вид на возила, која почнува од 65.000 евра. Но, и покрај сите овие интересни детали, тоа што го прави Tesla Model S најдобро електрично возило е што покажува дека електричните мотори можат да поминат неколку стотици километри без полнење, и најважно од се, демонстрира дека може да се живее без нафта.

Иако САД е преплавен со електрични полначи за овие возила, често инсталирани од Tesla Motors, за жал на Балканот тие се уште се реткост. Г. Цветојевиќ мораше да го испланира патот со полначите на ум за да ги пројде илјадниците километри од Хрватска до Скопје. Според него, иако нема полначи, со малку снаодливост тоа воопшто нема да биде проблем, а Tesla Model S „теоретски“ ќе може да ги помине 400-те километри од Белград до Скопје.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk