NASA ќе твита од вселената

во Веб

{mosimage}Астронаутот на NASA, Мајк Масимино, вчера на прес конференција изјави дека планира да го користи сервисот за микро-блогирање кога ќе биде во вселената, односно на својата мисија во која група од седум астронаути треба да го сервисираат Hubble Space телескопот. Астронаутот кој ја предводи мисијата, започна да го користи сервисот пред само две недели, по совет на одделот за јавност на американската вселенска агенција.

Ова не е прв пат NASA да го користи Twitter. Нивниот официјален профил е @NASA, а во јуни минатата година преку профилот @MarsPhoenix агенцијата дури ја објави веста за пронајдена ледена вода на планетата Марс преку роботот кој вршел истражувања. Нивниот твит беше крајно неформален:

{mosimage}

Астронаутот Масимино, кој активно (досега со над 50 постови и над 113.000 следбеници) го користи својот Twitter профил @Astro_Mike за време на подготовките за мисијата, соопшти:

"Целото Twitter искуство ми претставува одлична забава. Како астронаути, ние бараме начини да го споделиме искуството добиено од она што го работиме. Можноста да го користиме Twitter е одлична затоа што, по дефиниција, мора да бидат кратки пораки… и јас можам да се вклопам во тоа."

NASA сеуште не објави како планира да го изведе објавувањето на твитови од вселената, а астронаутот на прес конференцијата се пошегува дека сигурно нема да објавува преку неговото BlackBerry. Експертите предвидуваат дека можноста за постирање од вселенското летало ќе биде изведена преку комуникацискиот систем на леталото кое е во постојан контакт со базата.

На мисијата до Hubble телескопот која ќе трае вкупно 11 дена, астронаутите ќе инсталираат нови инструменти, батерии и камера која може да снима до 10 пати побрзо и подалеку. Ова е втор обид за лансирање на оваа мисија, првиот беше неуспешен затоа што пред полетувањето бил пронајден компјутерски систем кој не функционирал исправно. Мисијата ќе започне на 11 Мај.

Навистина интересен концепт од страна на NASA да користи ваква друштвена мрежа во своите мисии и да ја држи јавноста известена од прва рака. Како сервисот се развива, не е чудо и вонземјаните за прв пат официјално да не контактираат преку Twitter. :))



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk