{mosimage}(21.04.2009) Најверојатно до сега веќе сте го гледале видеото на YouTube за Сузан Бојл, 47 годишна жена, невработена, која живее со својата мачка Пеблс во Блекбурн, Англија и која никогаш не била бакната. Но истата таа Сузан Бојл се појави на шоуто Oprah Winfrey и стекна неверојатна популарност по нејзиниот настап на Britain Got Talent на кој ги запрепасти сите, не со својот изглед туку со својот глас. Г-ѓа. Бојл сега ќе снима дует со својот идол Елејн Пејџ, чија песна ја испеа на талент шоуто.
За само 10 дена, таа постигна огромна слава. Но каде ќе беше таа без моќта на комуникациската алатка наречена интернет?
Официјалното видео на YouTube го посетиле скоро 32 милиони луѓе, а еве како се проширило видеото преку викендов, според бројките на Mashable:
- Саботата биле избројани нови 15.6 милиони гледачи од сите верзии на видеото од различни сајтови/извори, вклучувајќи го и оригиналот на YouTube
- Во недела 30 милиони додатни гледачи
- Сите верзии на видеото од различни извори акумулирале вкупно 93.2 милиони гледачи
- Коментарите оставени на сите верзии на видеото се дуплирале од петокот достигајќи до 250.000
И претходно сме биле сведоци на „моќта на интернетот“ посебно на YouTube, но „Сузан Бојл“ феноменот ги помести границите. Нејзиното видео за само една недела се здоби со 44.7 милиони гледачи, повеќе и од од видеото на Џорџ Буш и иранскиот чевел кое кога се појави само за само една недела го гледаа 33 милиони гледачи.
Сега, споредбено со популарноста на „Буш vs. чевелот“, фактор за зголемена популарност е и сервисот за микро-блогирање Twitter. Скоро секоја секунда има некој нов твит за Сузан Бојл. Несомнено бројките ќе продолжат да растат, а со тоа и популарноста на Сузан Бојл.
Надополнето 24.04.2009:
Видеото на шкотланѓанката гледано над 100 милиони пати може да направи 1.87 милиони долари, проценува The Times of London. А колку заработиле YouTube и ITV, компанијата со право на Britain Got Talent шоуто од целиот феномен? Нула.
И сето тоа бидејќи YouTube и ITV не можеле да се договорат за начинот на објавување реклами на видеото. ITV сакале да постават рекламен модел каде во почетните секунди од видеото т.е пред видеото ќе идат реклами, модел кој YouTube уште минатата година го одби. За видео сервисот рекламите треба да се по текстуалниот модел, како што може да се сретне на одредени видеа објавени на YouTube.
„Не сакаме да бидеме дел од стандардните услови на YouTube бидејќи содржината како таа на Сузан Бојл е уникатна“ рече Бен Мековен Вилсон, директорот на онлајн редакцијата на ITV.
Видеото достигна 40 милиони посети за една недела.
„Евентуално, неколку милиони долари нема да го усреќат или уништат и YouTube и ITV. Но оваа приказна покажува дека традиционалните и новите медиуми имаат уште многу да изодат за да стигнат до начин да соработуваат, а не да го зграпчуваат поразот од челуста на победата“ пишува Mashable.






