Напредокот на вештачката интелигенција e нов предизвик и нова можност за математичарите

Неодамнешниот таен собир на врвни математичари во Беркли откри дека вештачката интелигенција е подготвена да одговори на најтешките математички проблеми. Новите напредни модели како o4-mini и Gemini 2.5 Flash, постигнуваат супериорни резултати при решавањето сложени математички проблеми, пишува Scientific American. Ова една од причините поради кои математичарите сега треба да ја преиспитаат својата улога во иднината на својата област.

До неодамна математиката се сметаше за нешто што вештачката интелигенција не го прави доволно добро. Досегашните модели, иако успешни во пресметки, се „мачеа“ со комплексните математички проблеми кои вклучуваат апстрактно размислување и докажување. Но, o4-mini и слични модели (како Gemini 2.5 Flash на Google) се нова генерација на „разумни“ големи јазични модели (LLM). Овие модели се тренирани на специјализирани множества податоци со дополнително човечко влијание. Ова им овозможува да изведуваат заклучоци и да навлезат подлабоко во математичките проблеми.

На состанокот во Беркли, математичарите биле сведоци на способноста на o4-mini да решава проблеми на ниво на професор. Дел од проблемите кои моделот успеал да ги реши се некои од најтешките проблеми во светот. Еден од највпечатливите примери е кога o4-mini за само 10 минути решил отворено прашање во теоријата на броеви кое математичарот Кен Оно го сметал за проблем на ниво на докторат. Ботот не само што го решил, туку и го објаснил својот процес на расудување, па дури и „дрско“ изјавил: „не е потребнo цитирање бидејќи мистериозниот број беше пресметан од мене!“.

До крајот на таа саботна вечер, Оно бил фрустриран од ботот, чија неочекувана математичка вештина го попречувала напредокот на групата. „Смислив проблем што експертите во мојата област би го препознале како отворено прашање во теоријата на броеви – добар проблем на ниво на докторат“, вели тој. Побарал од o4-mini да го реши проблемот. Во следните 10 минути, Оно тивко и зачудено гледал како ботот во реално време, го решава проблемот, истовремено покажувајќи го својот процес на размислување. Ботот ги поминал првите две минути барајќи и совладувајќи ја поврзаната литература во областа. Потоа напишал на екранот дека сака прво да се обиде да реши поедноставна „играчка“ верзија на прашањето за да научи. Неколку минути подоцна, тој напишал дека конечно е подготвен да го реши најтешкиот проблем. Пет минути потоа, o4-mini презентирал точно, и храбро (sassy) решение. „Почнуваше да станува навистина дрзок“, вели Оно, кој е почесен математички консултант за Epoch AI. – Scientific American

Брзината е импресивна, но можностите на новите модели не се неверојатни единствено поради ова. Иако o4-mini за неколку минути решава проблеми за кои на човек би му требале неколку недели, па дури и месеци, поимпресивен е квалитетот на расудувањето.

Перспективи за иднината

Напредокот на АИ во математиката носи возбуда, но и загриженост. Математичарите треба да пронајдат кое е нивното место во областа. Дополнително, се чини и дека треба да пронајдат каде е местото на вештачката интелигенција.

Веројатно наједноставно е користењето на АИ како „паметен соработник“. Математичарите почнуваат да ја гледаат АИ како моќна алатка, и како „одличен соработник“ кој може да помогне во истражувањето. Како и во останатите области вештачката интелигенција може брзо да ги анализира податоците, да најде релевантна литература, да предлага хипотези и да проверува докази. Ова може да ги ослободи математичарите да се фокусираат на покреативните и концептуалните аспекти на нивната работа.

Секако некои од опасностите се како и кај останатите примени. Вештачката интелигенција може да прикаже погрешни резултати со преголема самодоверба. Поради ова, постои загриженост дека преголемата доверба во резултатите од АИ може да доведе до „доказ со заплашување“. Вештачката интелигенција ќе ги претставува своите решенија со толку многу авторитет што луѓето едноставно ги прифаќаат. Ова секако ќе значи и недостаток на критичко размислување и испитување.

Photo by Thomas T on Unsplash

Улогата на математичарите

Веројатно најтешкото и најнепријатно прашање кое ќе треба да го одговорат математичарите е која е нивната улога во „новата“ реалност. Ако АИ може да реши толку многу тешки проблеми, која е тогаш улогата на математичарите? Дискусиите на состанокот се насочиле кон „Ниво пет“ проблеми – оние кои дури и најдобрите математичари не можат да ги решат. Иднината можеби вклучува математичари кои се фокусираат на поставување неодговорени прашања и интеракција со АИ за да откријат нови математички решенија. Ова е слично на професори кои работат со докторанти.

Кен Оно предвидува дека негувањето на креативноста во високото образование ќе биде клучно за одржување на математиката за идните генерации. Фокусот можеби ќе треба да се помести од чисто решавање проблеми кон развој на интуиција, оригинално размислување и способност за формулирање нови предизвици.

„Им кажувам на моите колеги дека е голема грешка да се каже дека општата вештачка интелигенција никогаш нема да дојде, [дека] тоа е само компјутер.

Не сакам да ја зголемувам хистеријата, но на некој начин овие големи јазични модели веќе ги надминуваат повеќето од нашите најдобри постдипломци во светот.“, вели Кен Оно, математичар од Универзитетот во Вирџинија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

види ги сите огласи на kariera.it.mk