Project Loon со кој Google сака да помогне со достапноста на интернет насекаде е поблиску до реалноста. Ново подобро решение за движење на балоните, всушност ќе овозможи покорисно решение, наместо како и досега балоните да лебдат насекаде.
Движењето на балоните беше природно и кога еден балон напушта област, друг треба да дојде и да го замени. Сега Google пронајде нов начин да испраќа помали групации балони, над реони во кои тоа е потребно.
Инжинерите работеа да ја подобрат контролата на висината и на навигациските системи, како и на имплементација на вештачка интелигенција за промена на патеките на лет. Ова овозможува попрецизна контрола на движењето на балоните. Според анализите ова ќе овозможи намалување на бројот на потребни балони 100 пати.
„Сега може да експериментираме над некоја определа област во светот со 10, 20 или 30 балони, досега ни беа потребни стотици балони.“, вели Астро Телер од Google X.
[…] неколку месеци инженерите на Google, значително ја подобрија навигацијата на балоните. Напредокот овозможи површината да се покрие со помал […]