Mass Effect: Andromeda излегува на 23 март во Европа и во пресрет на тоа подготвивме и соодветна најава, која можете да ја прочитате тука. Во меѓувреме, EA побрза да им вети на сите претплатници на ЕА Access програмата 10 часа бесплатен пробен период. Ваквото нешто ќе биде овозможено пет дена пред излегувањето на играта, што е одлично доколку сакате да проверите што ве очекува од најновата научно-фантастична авантура. Имајте во предвид дека за да добиете можност за ваквото тестирање треба да платите 4 евра за што, покрај ексклузивни временско-ограничени тестирања, можете да играте над 30 наслови (како Star Wars: Battlefield, Mirror’s Edge и многу повеќе).
Кога сте веќе тука, погледнете и како ќе изгледа вашиот дом надвор од дома. Најновиот трејлер од Andromeda Initiative детално ве запознава со Tempest, вашето вселенско летало кое ве пренесува од една до друга мисија, а во внатрешноста го крие и теренското возило – Tempest.
Tempest, како што можеби забележавте, не е борбено летало и сите ресурси се насочуваат кон избегнување конфликти преку имплементација на висока технологија за прикрадување, но и на истражувачки простори, како и технолошки и биолошки лаборатории.
Што се однесува до пресметките, челните лица ја проширија информацијата за користење ладни оружја, како чекани, така што објаснија дека имате посебен слот само за ладното оружје, а сите убиствени алатки можете и лично да ги создавате преку комплексниот систем за креирање оружја.