Facebook има недостатоци, Марк Закерберг со манифест најави нови насоки

Основачот на најголемата друштвена мрежа Марк Закерберг, се „заколна“ дека ќе ги надмине најголемите недостатоци. Решението е во нешто што г. Закерберг го нарече друштвена инфраструктура. Тој за „друштвената инфраструктура“ постави пет прашања на кои, Facebook ќе мора да даде одговор:

  • Како да им помогнат на луѓето да креираат заедници кои нудат поддршка за корисниците?
  • Како да креираат заедница која е безбедна?
  • Како да помогнат во информирањето на своите корисници, а со тоа и на општеството?
  • Како да се изгради инклузивно општество, кое ќе ги рефлектира заедничките цели?
  • Како да се креира социјално ангажирана заедница во целиот свет, кога помалку од половина од популацијата гласа на избори?

Поставните проблеми не се едноставни за надминување, но г. Закерберг има план како да го изведе ова. Еден дел од решението е вештачка интелигенцја; друг дел е поставување на повисоки стандарди; зголемена комуникација, нови алатки; па дури и гласање преку Facebook, вели Recode.

Најголемиот проблем на друштвената мрежа не се лажните вести, туку поларизацијaта и сензационализмот. Друштвените мрежи се одлично место за куси и агресивни одговори, кои се дел од проблемот, вели Закерберг. Сензационализмот треба да се надмине со вештачката интелигенција. Алгоритми ќе го следат донесувањето на корисниците, и кога некоја вест ќе почне да се шири како сензационалистичка, алгоритмот ќе го намали ширењето.

„Ова често доведува до претерано поедноставување на проблеми кои се многу комплексни и нѐ наведуваат да имаме едноставно мислење. Сметам дека е наша должност да се фокусираме добрите ефекти и да ги намалиме лошите. Да можеме да создадеме заедница која ќе има основно разбирање.

Ако ве запознаам преку вредностите кои ни се заеднички или барем преку заедничките интереси, ќе биде многу полесно продуктивно да дебатираме за работи за кои не се согласуваме…“

Иако дискусијата помеѓу луѓе кои знаат дека имаат сличности ќе помогне во намалување на поларизираноста; останува важно да се дискутира со факти, а Facebook дополнително ќе поработи на ова. Друштвената мрежа имаше проблем со ширењето на лажни вести, но сега има напредок.

„Мора да бидеме внимателни, границата помеѓу сатирата, мислење и измама не е секогаш јасна.

Нашиот пристап ќе биде помалку на забрана на погрешните вести, а повеќе на објавување дополнителна перспектива и податоци, вклучувајќи и проверка на податоци кога некој ќе ја оспори вистинитоста“.

 

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments