0 коментари 2 мин. читање 27 декември, 2017

Направете го своето дигитално CV со MoeCV.mk

MoeCV.mk е македонска веб-апликација креирана од Бране Петкоски, Сашо Митковски и Алмедин Муслиоски. Тројцата се студенти на Brainster академијата, а проектот е изработен на викенд- хакатон организиран од академијата.

Алатката е крирана да им овозможи на потенцијалните корисници едноставно, преку веб-форма да го креираат своето дигитално CV.

„Целта е Moecv.mk да биде првиот и сигурен чекор до твоето следно вработување. Главната идеја беше да создадеме бесплатен онлајн CV креатор кој ќе го забрза процесот на апликација и нема да дозволи никој, никогаш повеќе да задоцни со аплицирање на огласот за работата од соништата“, велат развивачите на палтформата.

Креираното CV преку оваа платформа ќе се истакнува од останатите. Корисниците ќе можат преку него полесно да дојдат до интервју, а со тоа и до работата која ја посакуваат.

Алатката во целост го автоматизира процесот на пишување на CV, а корисникот треба единствено да ги внесе своите податоци.

Алатката првенствено е креирана за учесниците на академијата на Brainster, но е сосем отворена и за сите што бараат работа.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top