Батеријата на Илон Маск се активира за 140 милисекунди

во Свет, Хардвер

Батеријата од 100 MW која Илон Маск ја вети во Јужна Австралија веќе започна да се исплаќа. Tesla неодамна го заврши батериски систем од 100 MW. Системот е најголем во светот, а веќе имаше успешен „тест“.

Минатата недела термо-електраната Loy Yang од Викторија испадна од системот. За само 140 милисекунди батеријата автоматски се вклучи и со тоа е избегнато каскадно исклучување на потрошувачите. Ова беше прв пат батеријата да се вклучи откако е инсталирана.

„Ова е рекорд, а националните оператори беа изненадени од брзината и ефикасноста со која батеријата ја обезбедува потребната енергија на пазарот“, вели автралискиот министер за енергетика, Том Кустантонис.

Батеријата се „прослави“ откако г. Маск се обложи дека ќе ја изгради за само 100 дена или ќе биде бесплатна. Не само што успеа да го исполни ветувањето, туку скрати речиси 40 дена од првичниот распоред. На крај батеријата беше инсталирина за 63 дена.

Батеријата се напојува од ветерна фарма со 99 ветро-генератори, а може да се користи за снабдување со електрична енергија на 30.000 домаќинства.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments