0 коментари 2 мин. читање 18 јуни, 2019

Намалете го пишувањето на едни исти работи со Beeftext

Во случај да управувате со веб сајт, фан страна или блог, или пак пишувате бројни и-мејлови, тогаш позната ви е секојдневната ситуација каде сте принудени да вметнувате едни исти работи, дали одреден поздрав, потпис или претходно подготвени одговори на најчесто поставувани прашања. Една опција е имање на овие работи во некој документ па, секојпат кога ќе ви притребаат, да го отворате документот, да го барате соодветниот текст, да го копирате, па префрлате.

Друга опција е да користите Beeftext.

Beeftext е алатка за „заменување текст’. Имено, откако ќе внесете одреден текст во програмот, ќе можете да го врзете тој текст со одредена текстуална кратенка. Нареден пат кога ќе сакате да го вметнете тој текст, треба само да ја активирате комбо кратенката и текстот ќе биде автоматски префрлен во вашиот word документ, и-мејл, веб сајт или што и да е.

Најновата, втора верзија на Beeftext ви дозволува да наместите исти клучни зборови за повеќе текстуални комбинации. На овој начин, можете да подготвите неколку слични текстуални одговори, а Beeftext ќе одбере еден од нив по случаен избор.

Beeftext  е алатка која е целосно бесплатна за користење.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top