Во 2011 година Мате Римац излезе од својата гаража и со тројца вработени започна да работи на својот електричен автомобил во првиот погон. Со ова започна патот во креирање на еден од најлуксузните и најдобри електрични автомобили. Денес тој е најбогатиот човек во Хрватска, а во Rimac Motors работат над 550 вработени.
Ова е трето видео од серијата 4 со која Rimac ќе ја архивира сегашната состојба на погонот пред повторно да го зголемат просторот во кој работат.
На тура низ различните оддели на Rimac, не води основачот на фабриката, Мате Римац. Во ова видео може да ги погледнеме одделите кои работат на:
- Динамика на возила;
- Трим развој (итерации на модел);
- Развој на тело на возило;
- CAE и CFD;
- Интеграција на погонот на автомобилот;
- Интеграција на електричната мрежа и апарати;
- Дизајн на возило.
Целиот серијал е предвидено да биде во четири дела, па наскоро ќе може да погледнеме како се одвива целиот развоен процес во погон во кој се произведува едно од најсовремените електрични возила.