0 коментари 1 мин. читање 28 јуни, 2012

Налогот за рацијата врз Мegaupload е нелегален, вели новозеландскиот суд

Судскиот налог кој властите го искористија да пребаруваат по домот на основачот на Megaupload, Ким Дотком, е нелегален, вели судија од Нов Зеланд. Според судијата, исто така е нелегално FBI да копира податоци и да ги пренесе во САД.

Судијата Хелен Винкелман вели дека во судскиот налог не било точно објаснето за какви прекршоци се работи.

FBI во рацијата ги заплени луксузните автомобили и компјутерите од неколку милиони вредниот дом на Ким Дотком, кој беше уапсен заедно со други четворица вработени во компанијата. Според судијата, налогот кој и бил даден на полицијата не опфаќал запленување и претрес, што значи дека активноста на полицијата е нелегална.

Ким Дотком моментално чека судење во август за екстрадикција во САД каде ќе му се суди за „мега заговор“ и проневера на стотици милиони долари преку злоупотреба на авторските права.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top