Најпопуларни книги за месец август

Месецов излегоа бројни книги од најразлични жанрови. Не сакајќи да судиме книги по нивните корици, решивме да ги засукаме ракавите и да го извлечеме најдоброто од најдоброто. Ова се дел од најновите книги за кои искрено се надевам дека ќе им пружите шанса!

The Turn of the Key – психолошки трилер, Рут Вер, 8 август

Роуан ќе наиде на оглас за дадилка во огромна, крајно модерна куќа и со иклучително дарежлива плата. Но, она што првин се чини како феноменална прилика, бргу се претвора во ноќна мора. По низа непредвидливи ситуации, Роуан се наоѓа во затвор, обвинета за убиство на дете и со нула шанси за докажување невиност.

The Turn of the Key допринесе Independent да ја прогласи Рут Вер како една од најдобрите писателки од трилер жанрот. Heat целосно уживаше во книгата и ја доживеа како мрачна, вознемирувачка и брилијантна, а The Sun ја етикетира како хибрид помеѓу Агата Кристи и The Girl on the Train.

Things You Save in a Fire – белетристика/ романтика, Катрин Сентр, 13 август

Се работи за книга која преповеда за храброст, надеж и учење како да се сака кога сè е против вас. Кејси Ханвел е тотален професионалец за трагедии на други луѓе, но не и кога се работи за трагедии од личен карактер. Кога нејзината мајка ќе побара Кејси да се пресели во Бостон и да се грижи за неа, целиот свет на Кејси се врти за 360 степени. Пожарникарската станица во Бостон е во јадна состојба, а нејзините колеги не се премногу импресионирани од тоа што „женско“ им се меша во нивниот круг. Но, на еден пожарникар воопшто не му смета тоа што Кејси работи со нив, а дружењето прераснува во нешто што ја принудува Кејси да заборави на златното правило: Никогаш не стапувај во врска со пожарникари.

Things You Save in a Fire собра планина од награди и се пласира на бројни листи. The Washington Post ја опишаа како паметна романса во која силна, независна хероина сретнува екстра згоден пожарникар, дури отидоа до тој степен да ја стават на листата со 10 книги кои мора да ги прочитате во 2019 година. USA Today се изјасни дека е задолжителна лектира која храбро стои во жанрот на женска фикција, а The Hollywood Reporter смета дека е една од книгите кои мора да ви се на радарот годинава.

House of Salt and Sorrows – фантазија, Ерин Грег, 6 август.

Анали е благословена со 11 сестри, но таквиот благослов не трае долго и ходниците на нејзината огромна куќа стануваат сè потивки. Четири од нејзините сестри умираат, секоја смрт потрагична од претходната. Серија од визии ја принудуваат Анали да мисли дека не се работи само за несреќи. Кога ќе се запознае со мистериозен странец и со дел од неговите тајни, Анали сваќа дека на сила е стапена сурова клетва и дека треба да биде значително храбра доколку сака да ги спаси преостанатите членови од семејството.

Booklist ја процени книгата како меланхолично прераскажување на The Twelve Dancing Princesses кое спојува напнати и хорор елементи, преточени во готски заплет темелен на позната приказна. Hypable сметаат дека е вистинското средсво за бегство од реалноста, а The Bulletin ја пофали моќната атмосфера и вети дека фанови на сè што е готско ќе се чувствуваат како да се дома со книгата.

Trick Mirror: Reflections on Self-Delusion – историја и критика, Џиа Толентино, 6 август

Низ девет, целосно оригинални есеи, Trick Mirror ве води на незаборавно патување низ река на само-заблуда. Што нè обликува, и колку е тешко да се видиме себеси преку култура која се темели на себичност? Толентино истражува длабоки и комплексни теми со освежувачки хумот и запрепастувачка остроумност и искреност.

За книгата, Vulture гледаат на писателката како на Џоан Дидион и се крајно импресимонирани од интелигентно напишаната книга, која предизвикува со секоја свртена страница. Kirkus Reviews ја подвлекуваат истата паралела и сметаат дека во книгата се кријат возбудливи и револуционирни есеи кои би требало да ја истакнат Толентино како клучен глас од нејзината генерација.

Blood Communion: A Tale of Prince Lestat (Vampire Chronicles), натприродна романтика, Ен Рајс, 20 август

Најновата книга на кралицата на натприродното, се навраќа на Лестат за да раскаже уште една приказна, овојпат за тоа како станал принц во светот на вампирите, како се формирала крвната причест и како се остварила неговата визија за соживот помеѓу децата на универзумот.

The New York Times Book Review се апсолутно одушевени и сметаат дека немртвите ликови на Ен Рајс се целосно живи, а The Atlanta Journal-Constitution се уверени дека никој не може да го надмине нејзиниот еротскиот танц со зборови. Publishers Weekly само се надоврзува со мислењето дека и старите и новите фанови ќе ја доживеат книгата како раскошна прослава за една сага која живее над четириесет години.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk