Најновата верзија на Microsoft Office ќе лансира без претплата во 2021 година

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Иако постојат многу алтернативи, Microsoft Office е омилената канцелариска алатка на бројни корисници. Последните неколку години се забележува силно форсирање на претплатничкиот модел. Токму поради тоа и понатаму се провлекува Office 2019, верзија која всушност беше лансирана во 2018 година.

Многу корисници немаат никаков проблем да користат претплата, но кога се работи за претплата на Netflix или Spotify. За многумина, меѓутоа никако не им се исплати да се претплатат за користење една до две канцелариски алатки. Поради тоа, Microsoft исклучително срамежливо потврди дека нова верзија на Office нема да биде со претплата, а ќе излезе во втората половина на 2021 година.

Сега за сега, не се знаат детали за цената, но се очекува верзијата да се вика Office 2022 и да има Home и Business верзии, како и Enterprise и Education. До тогаш, можете да ја користите старата верзија, или пак да проверите некоја достојна алтернатива.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments