1 коментар 1 мин. читање

Кина отвори антимонополска истрага за работата на Alibaba

Кинеските власти отвораат истрага за работата на Alibaba да проверат дали компанијата ја злоупотребува својата положба на пазарот.

Истрагата треба да покаже дали се точни тврдењата дека Alibaba ги принудува трговците да продаваат исклучиво на оваа платформа. Со ова на трговците им е оневозможено да продаваат на JD или на Pinduoduo. Праксата во Кина е наречена „Одбери една од двете“, вели Financial Times.

Ова е првпат кинеските власти да отворат истрага за работата на Alibaba, па и општо, за некоја од кинеските технички компании. Се чини дека оваа пракса сепак ќе продолжи и во иднина. Најголемите технолошки компании Alibaba, JD.com, Tencent, Meituan, Pinduoduo и Didi Chuxing беа на средба со законодавците на која беа запознаени со нов сет на правила кои треба да ги следат во иднина.

„Ова е прв случај за истрага за злоупотреба на позиција на пазарот за кинеска интернет компанија. Во најлош случај, Alibaba може да биде казнет во висина од 10 отсто од продажбите минатата година“, вели експертот за монопол, Скот Ју.

Не толку одамна друга компанија чии основач е Џек Ма, финансискиот гигант Ant Group беше жртва на властите. Власта го спречи излегувањето на берза вредно 37 милијарди долари. Целата компанија Ant Group во овој период беше проценета на над 300 милијарди долари.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top