0 коментари 2 мин. читање 17 септември, 2014

Најголемиот руски интернет провајдер ја купи најголемата руска друштвена мрежа

Mail.ru со трансакции на акции вредни 1,47 милијарди долари, стана нов сопственик на руската друштвена мрежа Vkontakte, популарно наречена „руски Facebook“. Компанијата од порано е сопственик на 52 отсто од акциите на друштвената мрежа, па по последната аквизиција Mail.ru сега е единствен сопственик на двете најголеми руски социјални мрежи VKontakte и Odnoklassniki. Тоа што можеби најмногу ги интересира корисниците на овие друштвени мрежи е дали Mail.ru можеби планира спојување на двете мрежи во една, која би била единствен препознатлив бренд.

„Среќни сме што можеме да објавиме дека завршивме со купување на 48,01 отсто од акциите на VKontakte. Консолидацијата на 100 отсто од акцииите и решавање на сите спорови со останатите акционери, ќе ни овозможи да се фокусираме на понатамошен развој. Ги почитуваме резултатите на тимот на VK и не планираме промени на тимот и продуктот. Подготвени сме да му дадеме можност на тимот да ги реализира своите планови и иницијативи“, јави Mail.ru.

Со аквизицијата покрај профитабилна мрежа со 92 милиони активни корисници Mail.ru сепак доби и неколку проблеми. Издавачите на музика постојано се жалат дека VKontakte се користи за размена на музика без плаќање на авториски права и повеќе пати се закануваат со судска разрешница на спорот. Втор проблем е притисокот на руските власти до сопствениците на друштвената мрежа кои според основачот Павел Дуров често пати бараат отстранување на соджини кои не се во полза на Кремљ. Според г. Дуров, VKontaktе веќе некое време е во целосна контрола на Путин.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top