Британија постави сервис против сајбер напади во кој нападите ќе се гледаат преку „безбеден Facebook“

Велика Британија ќе воведе сервис за споделување на опасности по сајбер безбедноста. Сервисот е наречен CISP (Cyber Security Information Sharing Partnership), а пилот проектот е започнат од минатата година и до скоро беше познат под името Project Auburn. Интересно е што новата агенција ќе биде направена слично на Facebook, па луѓето кои имаат пристап до мрежата ќе ги добиваат информациите додека се случуваат.

До сервисот пристап ќе имаат пристап експертите за безбедност од GCHQ, MI5, полицијата и компаниите, се со цел подобра координација и одговор на безбедносните закани. Компаниите кои ќе учествуваат во проектот се од различни сектори: финансии, одбрана, енергија, телекумуникација и фармацевтски. Седиштето ќе биде во Лондон каде што 12-15 експерти во текот на работните часови ќе следат и ќе известуваат за новите и актуелни напади, како и за тоа кој и од каде е нападнат.

Сервисот е изнуден поради штетата која ја трпи британската економија секоја година. Само една компанија пријавила штета од 800 милиони фунти поради сајбер напад од друга држава, кој ја довел компанијата во подредена положба во тек на комерцијални преговори, јавува BBC.

„Знаеме дека сајбер нападите се случуваат со индустриска големина, а компаниите се најголеми жртви на овие напади пред се поради индустриска шпионажа и прекршување на авторски права, годишната штети за британската економија се милијарди фунти.“, вели преставникот на владата, Френцис Мод.

Британската влада се надева дека компаниите ќе бидат послободни за пријавување на сајбер напади на овој сервис отколку за прифаќање на европската директива дека сите компании кои се цел на сајбер напади мора да го пријават нападот. Неволноста на команиите да ги пријавуваат сајбер нападите се должи на ударот кој тоа ќе го има врз реномето на компанијата во иднина, но и пад на цената на акциите доколку се дознае дека команијата изгубила некој вреден патент.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk