Покрај претставувањето на свои нови продукти на Worldwide Developers Conference, Apple ги пофали и најдобрите дизајнирани апликации на Apple Design Awards 2015. Избирани се најдобрите апликации за iPhone и Mac кои беа објавени изминатава година, и ако се суди според изборот може смело да кажеме дека Android во моментов нема шанси да му конкурира на iOS со квалитето на апликации. Можеби тој квалитет е главната причина што девелоперите на Apple прават повеќе пари од девелоперите за Android. Избрани се 10 победнички апликации, и две студентски , и ги има од секаков вид, но повеќе се игри:
- Shadowmatic е неверојатна креативна сложувалка со ротирање на сенки. Според Apple, играта перфектно користи гејмплеј со повеќе допири, и креира неверојатна атмосфера.
- Metamorphabet е анимирана азбука во која буквите оживуваат. Победи поради „неверојатната креативност, убедливата физика, одличните анимации и дизајн кој ги тера студентите да и се враќаат на апликацијата“.
- Robinhood е апликација за тргување со акции на берза која се истакнува со чист дизајн кој се фокусира на содржината и преубавата типографија. Нуди одлично искуство и за аматерите кои сакаат да тргуваат, вели Apple.
- Affinity Designer e aпликација за Mac OS X за професионален графички дизајн, кој целосно го искористува 64-битниот процесор и поддршка за Force Touch тракпадот за цртање.
- Crossy Road e заразна игра чиј 8-битен исометричка графика „има срце и карактер за што ја и заслужи наградата“.
- Fantastical 2 е календар за сите уреди на Apple, вклучувајќи го и Watch. Ja доби наградата поради чистиот дизајн, богатите функционалности, брзината и поддршката за популарни локализации и длабока интегрција со OS X.
- Workflow e iPhone и Apple Watch алатка за автоматизирање на секојдневните обврски. Добитник е на наградата бидејќи ги користи алатките за пристапност на iOS и има одлична гласовна имплементација.
- Does Not Commute e заразна стратешка игра со коли која „има неверојатна приказна, карактери и акција“. Ја добива наградата поради „високо стилизираниот и убавата дозна естетика од 1960-тите“.
- Vainglory е обид за мултиплеер MOBA игра за iOS. Одберена е како пример за како ваква игра ја користи графиката и анимациите на iOS.
- Pacemaker e aпликација за iPhone, iPad и Apple Watch со „креативна, минималистички визуелен дизајн, убави бои и реалистични анимации“ за креирање на личен микс на песни.
- Elementary Minute e Student Winner сложувалка која има чист дизајн со едноставен гејмплеј.
- jump-O e вториот Student Winner и е уште една сложувалка која е минималистичка и рачно нацртана.







