0 коментари 2 мин. читање 11 јуни, 2015

SpaceX доби дозвола да доставува интернет од Вселената

SpaceX побара дозвола од властите во САД за почеток на тестови на технологија која треба да овозможи интернет услуга од Вселената, јави Washington Post. Решението кое е достапно од претходно е испраќање на 4.000 евтини сателити во ниска орбита кој ќе обезбедат целосно покривање на земјата, вклучувајќи ги и руралните области до кои не постои инфраструктура.

Доколку проектот и тестовите бидат успешени SpaceX најверојатно ќе ја прошири областа на делување надвор од креирањето на ракети, што барем засега е единствена преокупација на компанијата. Тестовите доколку бидат одобрени ќе започнат следната година, а доколку бидат успешни „весленскиот“ интернет официјално би започнал за пет години. Сателитите ќе бидат испраќани во орбита со Falcon 9 ракетата и во текот на тестовите ќе бидат поврзани со три постројки на западниот брег на САД. Доколку конекцијата со земјата биде в ред, тогаш тестот би бил прогласен за успешен и ќе можат да започнат со почеток на проектот.

Успешните тестови би значеле дека SpaceX ќе стане глобален провајдер на интернет и конкуренција на сите локални провајдери. Илон Маск и неговаа компанија не се единствени кои се залагаат за целосна покриеност: Microsoft, Facebook и Google работат на сопствени проекти кои преку балони, стателитеи и беспилотни летала треба да обезбедат интернет насекаде. Google и Fidelity неодмана инвестираа милијарда долари во SpaceX токму за оваа намена.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top