Најдобрите sci-fi книги #2

И, еве нè на крајот од месецот јули. Се надеваме ви се допаднаа нашите избори за научно фантастични книги од првата половина на месецот јули и спремни сте да видите какви дела се провлекоа низ овие денови.

The Last Astronaut, од Дејвид Велингтон, 23 јули

Научно фантастичен хорор од креативната имагинација на Дејвид Велигтон. Во 2034 година, една мисија во Марс завршува катастрофално лошо. Последиците се толку големи, да NASA се доведува на работ на целосно згаснување, а командантката Сали Џансен е принудена во еден вид пензионирано прогонство. Цели две децении, никој нема никаква потреба од NASA, сè додека на радарот не се забележи неидентификуван летачки објект кој нагло го менува курсот и се упатува кон планетата земја. Немајќи друг избор и во ситуација која потсетува на општ хаос, сите оние кои претходно работеле во NASA се собрани и одново принудени да соберат детали од вонземното тело. Како водич на мисијата се поставува крајно огорчената Сали, но серијата од таквите емоции се заменуваат со страв, ужас и беспомошност во истиот момент откако ќе се фрли првиот поглед на неочекуваниот гостин.

Thrawn: Treason, од Тимоти Зан, 23 јули

Star Wars фановите одново ја добија можноста да се втурнат во нови авантури со еден од најхаризматичните ликови. Трон доминира во потсвеста на читателите скоро 30 години. Тимоти Зан го враќа на големата врата со Thrawn: Treason и го поставува во исклучително проблематична ситуација. Имено, додека царот Палпатин целосно станува апсорбиран од Death Star проектот и деструкција од масовни размери, Адмиралот Трон добива известување за можна закана на светот во кој се има родено. Но, помагање на тој свет значи предавство на царството кое се има заколнато да го штити. Тимоти се има потрудено мајсторски да ја прикаже психолошката состојба на адмиралот и бројните внатрешни битки кои го доведуваат до донесување одлука од која нема враќање.

The Toynbee Convector, од Реј Бредбери, 30 јули

За моќните наративни способности на Реј Бредбери не мора многу да зборуваме. Овој, одамна докажан писател, првенствено со делото Фаренхајт 451, цврсто го има зацементирано неговото место во ходниците на најдобрите научно-фантастични писатели. Но, Реј отсекогаш бил првенствено ценет поради неговите рани дела, додека приказните од неговиот втор период не само што ретко се споменуваат, туку и подолго време беа недостапни за читателите. The Toynbee Convector е колекција од 22 приказни кои беа првенствено објавени во далечната 1988 година. Иако далеку од новитет, ова реиздавање строго се препорачува и на sci-fi и на fantasy љубителите. Во книгата, ќе скокнете до свет во кој пронаоѓач на машина за патување ги брои деновите кога тој од минатото ќе се судри со тој од иднината (The Toynbee Convector), ќе се запознаете со дух кој го одржува светот така што измислува приказни за него (On the Orient, North) или пак ќе чуете за една жена која има моќ да ги праќа душите на нејзиното семејство во најразлични тела (West of October). Феноменални ремек дела од феноменален писател кој и понатаму жонглира на границата од наколку жанрови.

The Hound of Justice, од Клер Одел, 30 јули

Невообичаена книга која особено ќе биде ценета од фановите на Шерлок Холмс. Во делото на Клер, Вотсон ја има изгубено раката во еден конфликт кој се случил пред настаните од првата книга. Принудена да користи протетска рака, Вотсон работи како хирург во Соединетите Држави кои се растргнати од втора граѓанска војна. FBI агентката Сара Холмс, пак, е втурната во терористички напад чии последици одново го обединуваат дуото и ги носат директно во расистичкото срце на сепаристичките територии. Интересна книга која фрла неколку слоеви нови димензии врз претходно замислената слика за Холмс и Вотсон. Доколку ве заинтригира книгата, погрижете се да ја првин прочитате A Study in Honor.

Dark Age, од Пирс Браун, 30 јули

Петтата книга од серијалот Red Rising се заканува да ги импресионира читателите подеднакво исто како и претходните четири книги. Иако не мора да ги имате прочитано претходните книги за уживање во Dark Age, имерзивноста е на значително повисоко ниво доколку го направите токму тоа. Во првите книги ќе прочитате за подемот на Дароу, за неговиот клучен допринос при ставање крај на ропството, за ултимативниот херој на револуцијата, за падот на царството и за раѓањето на републиката. Но, не е се сјајно и Дароу е повторно принуден да се бори за она во што верува, да се справи со наследникот на изгубениот престол и со бројните непријателски форми кои демнат во републиката. Иако не се работи за чистокрвен научно фантастичен наслов, сепак си земавме за слобода да помислиме дека би можел да им се допадне на таквите читатели.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] најнови книги, за кои можете да прочитате тука и тука, тогаш портите на фантазиските светови се целосно […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk