Google на својот блог излезе со официјални податоци за идниот Pixel телефон. Една од промените која доаѓа на новиот телефон е отклучувањето со скенирање на ликот наместо со скенирање на отпечаток. Оваа функционалност е веќе достапна на iPhone и на неколку Android телефони, но досега ја немаше на Pixel. Сепак најголемата промена на Pixel 4 телефон ќе биде имплементирање на радар за управување со телефонот. „Motion Sense“ ќе користи „Project Sоli“ чип кој преку радар детектира гестикулации околу телефонот.

Скенерот за лик се наоѓа во горниот дел на телефонот. Составен е од проектор, светло (flood illuminator) и две IR-камери на различни страни на телефонот. Google сподели дијаграм на кој може да се види каков е распоредот на камерите и на сензорите. Од дијаграмот може да забележиме дека горниот дел од телефонот околу „селфи“ камерата е преполн со нови елементи. Покрај елементите за отклучување со скенирање тука е и Soli радар чипот. Google ветува дека отклучувањето со скенирање ќе биде подобро од она кое Apple го користи на iPhone.

„На другите телефони мора сосем да го исправите телефонот, да се наместите пред него и да чекате телефонот да се отклучи, па да го отворите екранот. Pixel 4 го прави ова поедноставно. Кога го фаќате телефонот, Soli препознавајќи дека сакате да го вклучите уредот ги активира сензорите за скенирање. Ако сензорите и алгоритамот ве препознаат телефонот се отклучува, сè во едно движење“.

Soli треба да овозможи најразлични команди да бидат давани со гестикулации. Со помош на минијатурен радар се детектираат движењата во близина на телефонот и потоа во комбинација на сензорите и алгоритмите овие гестикулации се „преведуваат“ во команди. Pixel 4 ќе биде првиот уред со Soli, a дел од првите команди кои се споменати се: рипање на песни, „snooze“ на аларм и исклучување на звукот на ѕвонењето. Командите со гестикулации ќе бидат достапни само во некои региони.

Сепак она што е поголемо изненадување е најавата дека сите податоци се обработуваат на телефонот. Податоците нема да бидат праќани и споделувани надвор од уредот, ниту на сервисите на Google. Ликот и сите податоци потребни за отклучување на телефонот ќе се чуваат на уредот во Titan M безбедносен чип.

Засега нема официјална најава за почетокот на продажба или за претставување на Pixel 4, но вообичаено Google своите телефони ги претставува во октомври.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments