Оние кои сакаат да го одбележат месецот јуни на висока, креативно исполнителна нота, би можеле да поминат време со некои од најдобрите и најновите sci-fi книги. Оние кои би сакале да се втурнат во епски светови на наративна фантазија, не би требало да бараат повеќе од следниве пет предлози.
Dragonslayer, од Данкан М. Хамилтон, 2 јули
Со завршување на Game of Thrones, некако се поставува период на змејови. ММО игрите, како Elder Scrolls Online и Guild Wars 2 почнаа поагресивно да ги пласираат змејовите, а и светот на книгите не е исклучок. Dragonslayer е книга за сите оние кои се фанови на овие криластите ѕверови. Почетокот на предвидената трилогија, се фокусира на Гил и на неговите некогашни способности во справување со змејовите. Но, цела деценија како небото е мирно, а Гил наоѓа посебни задоволства во дното на флашите. Откако нов змеј ќе го загрози опстанокот на луѓето, Гил ќе биде единствениот кој знае како да излезе на крај со него. Во позадина, тајно општество има сосема други планови, а и змејот е сè само не сурова машина за истребување и она што крие е древна мудрост зад ѕидини од бруталносст.
The Big Book of Classic Fantasy, уредено од Ан и Џеф Вандермир, 2 јули
Клаичната литература, особено таа од раните почетоци на 19 век, крие бројни дела кои припаѓаат на фантазискиот жанр. Ан и Џеф се имаат потрудено да го соберат најдоброто од целиот свет и да го заробат во само една книга. Резултатот е драгоцена колекција од 90 класични приказни кои, иако не се нови, сепак заслужуваат да бидат прочитани. Зборуваме за доприноси на автори како Ирвинг, Кафка, Толкин, Нобоков и многу други, подеднакво познати имиња и одамна докажани автори.
Eye Spy, од Мерсејдис Лаки, 9 јули
Продолжетокот на The Hills Have Spies успешно се надоврзува на шпионската фантазија на мајсторката на фантазиските светови. Во Eye Spy, Аби очајно сака да ја има дарбата која ги прослави нејзините родители. Таквото нешто се чини невозможно, барем се додека не се случат серија од настани кои ѝ дозволуваат да предвиди катастрофа од епски пропорции. Успевајќи да спаси бројни животи, на Аби и се поплочува патот и станува помошничка во кругот на волшебниците. Тренингот кој го добива таму, ѝ дозволува да ја користи нејзината дарба за моќно и крајно ефикасно шпионирање низ целото кралство, но, како што и таа самата ќе заклучи, цената на таквото нешто е исклучително висока.
David Mogo, Godhunter, од Суји Дејвис Окунгбоја, 9 јули
Кога илјадници богови ќе паднат на земја и ќе почнат да сејат хаос, Дејвид нема кој-знае-каков избор. Со цел да го заштити неговото семејство, Дејвид ќе започне остроумни кампањи од најразличен дефанзивен и офанзивен карактер, сè со цел да зароби двајца од најмоќните богови и да ги однесе кај волшебникот Ликмон Аџала. Спротиставувањето со небесните суштества се чини како исклучително огромен предизвик. Добрата работа во сето тоа е што Дејвид е повеќе од спремен. Тој е полубог, а ставање крај на расата која го отфрли е исклучително задоволство.
The Border Keeper, од Керстин Хол, 16 јули
Чуварката на границата помеѓу светот на живите и мртвите добива неочекуван гостин. Васет го знае нејзиното вистинско име и ја преколнува да му помогне да ја најде душата на неговата љубов. Низ долго и макотрпно патување низ светот на духовите, чуварката забележува загрижувачки неправилности, а облиците почнуваат да се менуваат на начини кои не ѝ се јасни. И додека Васет полека ја открива неговата вистинска намера, чуварката конечно сфаќа дека светот кој таа се има заколнато да го штити е на работ на заборавот.
Не заборавајте да нѝ кажете која е вашата следна книга на радарот или дали пропуштивме некоја да споменеме. Дефинитивно останете со нас, особено при крајот на месецот, за кога ги планираме вторите делови од предлози за sci-fi и fantasy книги.
[…] Нашиот избор од најнови fantasy книги од првата половина од јули, можете да го најдете тука! […]