0 коментари 2 мин. читање 18 септември, 2015

Најавен Amazon Fire таблет од 50 долари

Amazon ќе се обиде со нов супер евтин таблет Amazon Fire да ги убеди корисниците да им дадат уште една шанса на нивните електронски уреди. Новиот таблет ќе биде најевтиниот уред кој доаѓа од Amazon, а ќе чини само 50 долари.

Најверојатно никој не очекува неверојатен таблет за овие пари, а хардверот навистина е далеку од импресивен, но најверојатно е подобар отколку што првично помисливте. Таблет компјутерот доаѓа со четиријадрен процесор на 1.3GHz, 8GB слободен простор и 7-инчен екран со резолуција од 1024х600. Дополнително таблетот доаѓа со предна VGA камера и 2МР задна камера.

Без разлика што хардверот не е импресивен, речиси е неверојатно дека чини само 50 долари. Како и со остантите уреди Amazon сигурно го продава со загуба, но се надева дека преку реклами и преку зголемен интерес ќе успее оваа загуба да ја претвори во профит. Она што е очигледно е дека Amazon сака новиот таблет да го користи целото семејство, со оглед на тоа дека компанијата има специјална 6-pack понуда, со која секој кој ќе купи 5 таблет компјутери, шестиот ќе го добие бесплатно.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top