Десетици библиотеки побараа детали за начинот на кој можат да помогнат со хостирање на излезните нодови за Tor, како знак за солидарност со Kilton Public Library во Њу Хемпшир.
Минатата недела Одделот за за домашна безбедност (Department of Homeland Security) започна со притисок со кој бара библиоткета да престане со активност како излезен нод за Tor. Библиотеката како дел од проектот Library Freedom со цел да им обезбеди анонимност на читатeлите се придружи на Tor.
Одделот минатата недела испрати порака со која бара да ја прекине праксата бидејќи, Tor се користи од криминалци, што е само делумно точно и е немила злоупотреба на мрежата за анонимизација. Библиотеката веднаш доби поддршка од активисти кои започнаа петиции и барања, а медиумите и социјалните мрежи ја изнесоа приказната пред граѓаните.
„Ќе покажеме колкава поддршка од јавноста добиваме и се надеваме дека ова ќе го намали стравот од Одделот за домашна безбедност и локалната полиција. Единствените причини поради која ова се случува е недостатокот на технички познавања и погрешен став за слобода на говорот,“ вели Алисон Макрина основач на Library Freedom.
Како што тоа вообичаено се случува, наместо да посакуваните резултати, притисокот доведе до обратниот ефект, па сега бројот на библиотеки кои хостираат излезни нодови е поголем, јави Motherboard.







