Крај за TorrentSpy.com

во Свет

{mosimage}Еден од најпопуларните торент сајтови, TorrentSpy.com и официјално го објави својот крај по жестоките дуели со Motion Picture Associаtion of America (MPAA). Создавачот на сајтот, Џастин Бунел изјави дека самостојно го прекинува работење на сајтот низ целиот свет.


Тој исто така истакна дека ова е најпаметната одлука со цел да се овозможи целосна приватност на корисниците, пред да се случи информациите кои TorrentSpy ги поседува да завршат како дел од некоја полициска истрага.

Некогаш најпосетуваниот торент сајт за првпат се соочи со посериозни тешкотии откако во Август 2007 година од страна на федерален судија им беше напоменато дека мора да ги снима и логира сите активности на своите корисници и истите тие информации да ги доставуваат до MPAA.

Оргиналната пресуда може да ја прегледате на англиски тука.

На оваа судска одлука, мислејќи дека има надеж и покрај фактот дека повеќе од 20% од посетителите се од САД, создавачите на TorrentSpy се решија да го блокираат пристапот од американски адреси до сајтот за да продолжат со "нормална" работа.

Чекорот всушност доведе до драстично намалување на сообраќајот и губење на голем дел од профитот.

Доменот TorrentSpy.com е понуден за продажба.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments