Надополнето: VIP го претстави BlackBerry Storm

во ИТ.МК

{mosimage}Се очекува мобилниот оператор VIP денеска на прес конференција и официјално да го претстави доаѓањето на телефонот BlackBerry Storm во Македонија. Storm е дел од серијата 9500 на BlackBerry и е првиот телефон со екран на допир развиен од компанијата Research in Motion. Овој “паметен” телефон уште од самиот почеток е планиран да стане сериозен конкурент на iPhone-от на Apple, кој “случајно” T-Mobile го најави пред само неколку дена и од денеска може да се најде во продажба во нивните салони.

BlackBerry Storm, кој тежи околу 150 грама, е базиран на BlackBerry 4.7 оперативниот систем со вградена 128 МБ флеш меморија и можност за додавање на MicroSD картичка. Екранот е 3.25 инчен HVGA со резолуција од 360 х 480 пиксели и спектар на бои до 65.536, а содржи и 3 мегапикселна камера.

{mosimage}

Телефонот првпат беше претставен во ноември на британскиот и американскиот пазар за да од декември започне со продажба и во Австралија, Канада и другите европски земји. Засега, продажбата на американскиот пазар на Storm се одвива одлично, благодарение на скапите тарифни модели со кои се нуди iPhone 3G.

Ова е навистина интересна и возбудлива недела за сите корисници на мобилните технологии во земјата, бидејќи на пазарот ќе бидат претставени едни од најсовремените мобилни телефони кои овозможуваат голем број на нови, подобрени услуги, особено кога станува збор за мобилното онлајн присуство и пребарување.

Засега не ни се познати тарифните модели со кои ќе се нуди телефонот… но несомнено ќе бидат конкурентни на цените понудени од T-Mobile за iPhone. Веста ќе биде надополнета по прес конференцијата која би требало да се одржи во 11 часот.

Надополнување 16:30:

Се случи и тоа… официјалната прес конференција за Storm… детали можат да се најдат на овој линк.

– Во моментот повеќе од 21 милиони луѓе во светот користат некој од BlackBerry паметните телефони. Едноставното решение за постојана е-меил врска со вашата канцеларија, на многумина им дава сигурност, прецизност и ефикасност во секојдневното работење. Горди сме што повторно VIP на граѓаните на Македонија и на своите корисници има можност да им го понуди најсовременото решение за комуникација, работење и дружење, истакна Марио Цвитковиќ, Главен маркетинг директор на Вип оператор.

Телефонот е достапен без никаков договор и претплата по цена од 30.000 денари, додека во тарифен модел може да се најде и за 0 денари:



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments