0 коментари 1 мин. читање 1 октомври, 2009

Надополнето: Нови детали за Microsoft Cоurier

Изработката на уредот до сега бил добро чувана тајна, дури тимот за развој бил преместен да работи на друго место не во Редмонд каде е седиштетот на Microsoft, така што овој уред преставува изненадување и за поголемиот дел вработени во компанијата, пишува CNet.

Cоurier, кој е долго посакувана желба на основачот Бил Гејтс кој е сега повлечен од компанијата, има два 7-инчни екрани на допир кои можат да се склопат како книга и е дизајниран за пишување и цртање со електронско пенкало што е различна идеја од таблетот на Apple кој е наменет повеќе за забава и наликува на голем iPоd Touch.

Повеќе слики од Microsoft Cоurier на сајтот на Gizmodo, a подолу е видеото од уредот.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top