Над 72% од Европејците имаат брз интернет; повеќето уживаат во читање онлајн вести

во Веб, ИТ.ЕУ

Во 2012-та година околу 72 отсто од домаќинствата во Европската Унија имаат пристап до широкопојасен интернет, а омилената онлајн активност на Европејците, со 60 отсто, се читање на вести, се вели во соопштение на Европската Комисија.

Импресивна е и покриеноста со интернет во најголем дел во Европската Унија. Скоро 94 отсто  од Холандија има интернет, а меѓу државите со најдобра се и Луксембург со 83 отсто, Данска и Шведска со по 92 отсто. Од другата страна на лситата, Бугарија со 51 отсто, Грција и Романија со 54 отсто покриеност се најлошо покриени држави. Македонија би била малку над нив. Колку за потсетување според државниот завод за статистика, Р.Македонија има 64 отсто покриеност со интернет, а 58 отсто покриеност со широкопојасен интернет. Според овие бројки ние би биле во долниот дел на листата.

Тоа што е за истакнување е дека колку е поприсутен интернетот помеѓу потрошувачите, толку е поголема нивната присутност на на онлајн вестите, друштвените мрежи, но и за е-трговија.Токму е-трговијата е фокус во планот на ЕК за 2013-2014 година, а целосно имплементирање на планот на ЕУ ќе го зголеми Европскиот БДП за 5 отсто или 1.500 евра по жител. Дополнително долгорочно насочувањето кон е-трговија ќе обезбеди 1,2 милиони работни места во 2015 година до 3,8 милиони  кага целосно ќе биде реализиран проектот.

ЕУ има зацртан план како да ја зголеми дигиталната трговија. Планот е во 7 точки, а дел од нив важат и за Македонија. Приоритети за ЕУ во овој домен се:

  • Kреирање на стабилна средина за широкопојасен интернет,
  • нови јавни дигитални услуги преку Connecting Europe Facility,
  • стартување на голема „коалиција“ за дигитални вештини и работни места,
  • нова стратегија за сајбер безбедност,
  • осовременување на легислативата за авторските права,
  • забрзување на развојот на сервисите во облак и
  • лансирање на нова стратегија за индустријата за микро и нано електроника.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments