Anonymous ги нападнаа хрватските банки: Доста крадете од народот!

Утрово на пробиениот сајт на Карловачката банка се најде препознатливата порака „Ние сме Anonymous. Ние сме легија. Ние не простуваме. Ние не забораваме. Очекувајте не“. Пораката беше надополнета со предупредување дека ова не е само еден инцидент, туку војна кон банките кои „крадат од народот“.

Ова не е прв пат хрватските Anonymous да нападнат важни институции. Претходно годинава истите хактивисти го срушија сајтот на хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ и на министерството за надворешни работи во протест против ACTA. Но, ако првото е политичко-активистички мотивиран напад, со вториот напад ги таргетираат финансиските институции, односно парите. А не секој може да остане рамнодушен на парите. Прашањето е дали можат вакви напади да се искористат како диверзија на посериозно пробивање на финансиските системи и крадење на лични податоци за кредитни картички што е профитабилен бизнис на црниот пазар.

Но, од друга страна, ваквите напади (па дури и ако се работи само за дифејс каков што e случајот со сајтот на Карловачка банка) сепак се добро предупредување за институциите да си ја подобрат својата безбедност, посебно кога се работи за онлајн банкарството.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk